Американски генерал: Гвантанамо беше грешка

Еден од основачите на озогласениот затвор Гвантанамо, пензионираниот генерал на американската армија Мајкл Лехнерт  рече дека отворањето на овој затвор  е погрешна одлука и дека треба да се затвори.

„Ние ги изгубивме симпатиите од светот поради тортура на затворениците во Гвантанамо“, изјавил генералот дојдавајќи дека со затворот се создава негативна перцепција за Америка.

Тој во текстот објавен на „Детроит Фри Прес“ пишува дека гледано наназад, тие погрешиле уште на самиот старт, бидејќи целата стратегија на тестирање на затворениците била погрешна.

Лехнерт  беше првиот командант на затворот, кој беше отворен во јануари 2002 година во американската поморска база во заливот Гвантанамо во  Куба.

Според него, затворот се отвори, бидејќи Американците биле легитимно лути и исплашени,  по нападите на 11 септември во 2001 година , и тие мислеле  дека затворениците кои се таму можат да им дадат важни информации и податоци. Но, тој пишува дека набрзо се уверил дека многу од затворениците воопшто не ни требало да се таму бидејќи немале важни податоци кои можат да им користат, а и не биле извршители на тешки дела.

„Ние ја изгубивме наклонетоста од светот која ја добивме по нападот поради  Гвантанамо – пред се’ поради затворање и тортура.  Нашата одлука се одржува  затворот им помогна на нашите непријатели, затоа што ја потврдува секоја негативна перцепција на САД“, вели пензионираниот генерал.

Гвантанамо во моментов има околу  160 затвореници, а голем дел од нив се притворени без обвинение.