Американски компании бараат да се стави крај на ембаргото кон Куба

Најмалку 30 американски компании и здруженија соопштија дека ќе извршат притисок врз Конгресот на САД да стави крај на трговското ембарго што САД го воведоа кон Куба во 1962 година, пишува МИА.

Претставниците на тие земјоделски и прехранбени компании кажале  дека сакаат да ја искористат предноста на неодамна затоплените односи меѓу двете земји за да се укине ембаргото.

Американскиот секретар за земјоделство Том Вилсак истакнал дека претседателот на САД Барак Обама „едвај чека“ со Конгресот да почне дебата за тоа на кој начин да биде промовирана позитивната промена на Куба.