Американски конгресмени бараат одговори од Бејли

Неколку американски конгресмени до нивниот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, на 17 јануари испратиле писмо во кое бараат одговори дали и зошто американската мисија во Македонија, се меша во внатрешните политички работи на земјава, во медиумите,  и притоа постојано пристрасно се фаворизира една група.

Исто така, од Бејли бараат одговори и за тоа дали американската мисија во Македонија ја избрала Отворено општество на Сорос, како  главен изведуач на проектите на УСАУД во земјава?

Одговори за нивите дилеми бараат да им се достават за две недели од денот на испраќање на писмото.

Во продолжение ви го презентираме писмото на американските конгресмени до Џес Бејли:

Драг амбасадоре Бејли,

Во согласност со нашите конгресни надлежности, Ви пишуваме за да ја испитаме улогата на американската мисијата во Македонија која ја има во македонската политика и во врска со обликувањето на македонската медиумска средина и граѓанско општество. Се надеваме дека оваа улога не е партизнска.

За жал, слушнавме кредибилни извештаи дека изминатите две години американската мисија во Македонија активно се вмешувала во политиката на Македонија, како и во обликувањето на медиумската средина и граѓанското општество, на начин кој постојано се фаворизирало партии, медиуми и граѓански општествни групи со леви политики отколку на оние со десни политики. Дел од извештаите се вознемирувачки и тврдат дека акциите на американската мисија во Македонија силно ги фаворизирала левите партии во кампањата за парламентарните извори на 11. декември и во периодот после истите избори кога македонските партии се обидувале да формираат влада.

Во ова насока, Ве замолуваме да одговорите на следните прашања:

  • Фондацијата отворено општество – Македонија. Дали американската Мисија во Македонија ја избрала Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) како главен изведувач на проектите на УСАИД во Македонија? Дали ФООМ во Македонија се смета за политички пристрасна? Дали делата и активностите на ФООМ покажуваат политичка пристрасност? Дали невладините организации, медиумите и проектите финансирани од ФООМ имаат агенда која одговара или ја фаворизира централната левица и/или левицата во Македонија?
  • Медиуми. Колку медиуми примиле владини американски средства (преку ФООМ или на друг начин) и кои се нивните имиња? Колку од медиумите на македонски јазик кои добиле владини американски средства се политички ориентирани до централната левица? Колку се ориентирани до централната десница? Дали американската Мисија во Македонија ја промовирала политиката на македонската Влада за регулацијата на ограничување на слободата на говорот на начин кој не соодветствува со првиот амандман на Уставот на САД?
  • Граѓански општество. Дали некоја невладина организација која добила владини американски средства (вклучувајќи ФООМ или на друг начин) зазела страни за време на изборите или за време на формирањето на новата македонска Влада? За секоја невладина организација што заземала страна, кажете чија страна била заземена?
  • Партиски политики. Ве молиме опишете ја улогата која Вие и други личности сте ја имале во американската мисија во Македонија во врска со дискусиите кои довеле до закажувње на пармалентарните избори на 24. април 2016 година, дискусиите кои довеле до одложување на истите на 5. јуни, како и дискусиите кои довеле до уште едно одложување на парламентарните избори на 11. декември.

Ги цениме блиските релации помеѓу САД и Македонија во последните 25 години откако Македонија стекна независност. Таа релација и овозможи на САД да придонесе за македонскиот политички и еконмски развој – и Македонија да соработотува со САД во придонес на многу наши странски политички приоритети. Би било многу вознемирувачи за оваа релација со Македонија доколку постои мешање во нејзината  внтрешна политика, медиуми и граѓанско општество со констнтно фаворизирање на една група.

Се надеваваме дека ќе добиеме од вас точна информација како одговор на нашите прашања, не подолго од две недели од датумот на испраќање на ова писмо. Исто така, се надеваме дека ќе бидете во можност да се сретнете со нас за да ги искуттираме овие прашања следнио пат кога ќе бидете во Вашингтон.

Со почит,

Кристофер Х.  Смит, Ренди Хултгрен, Роберт Б. Аделхолт, Луи Гомерт, Роберт Питенгер, Џеф, Ротенбери, сите членови на Конгресот.

 

1

2

Американскиот амбасадор не смее да има улога во формирањето влада и да зазема страна при формирањето на коалиција. Тоа не е место на САД ниту на американските претставници во Скопје. Ние, какo група конгресмени, поставивме конкретни прашања во ова писмо дали имало или не соработка на амбасадата со левичарските партии на изборите. Ние не смееме да имаме улога во тоа. Треба да сме за слободни и фер избори и пристап кон медиумите, но во никој случај не смееме да заземаме страни. Овој амбасадор зазел страни и треба да биде отпуштен веднаш. Јас сум во Конгресот 37 години и сум постар член на Комисијата за надворешни работи, претседавам со Комисијата за соработка со ОБСЕ и со Комисијата за човекови права. Нечуено е нашиот амбасадор во Скопје да зазема страна во овие избори или во кои било други избори во минатото или во иднина. Тоа не е негова работа. Сакаме да  откриеме се. Не добивме одговори и затоа бараме од генералниот инспектор да поднесе извештај. Доколку го прекршиле законот, ќе одговараат, изјави конгресменот Смит за Македонската Радио Телевизија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.