Балкан

Американски маринци ќе бидат распоредени во Бугарија

Американски маринци ќе бидат распоредени во Бугарија

Поради тензичната ситуација во Украина, на есен во Бугарија ќе биде распоредена единица на американските маринци, пренесува МИА.

За ова денеска информираше заменик-командант на американските маринци во Европа бригадниот генерал Норман Кулинг.

Тој истакна дека 155 американски маринци со четири тенкови, шест борбени транспортери и три хаубици ќе бидат стационирани на воениот полигонот Ново Село. Американските маринци во Бугарија ќе бидат 18 месеци.

Американските маринци ќе имаат воени вежби заедно со бугарски, романски и други сојузнички сили.

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер претходно соопшти дека САД ќе распоредат тешко оружје во Естонија, во Летонија, во Литванија, во Полска, во Романија, во Бугарија и во Германија.