Американски платеници се борат во Украина

Речиси 400 командоси од американската приватна безбедносна организација „Грејстон лимитед“ учествуваат во „казнената“ операција на украинските сили против профедералните следбеници на истокот на Украина, пишува германскиот весник „Билд ам зонтаг“.

Според весникот, платениците учествуваат во нападите на професионалните активисти недалеку од Славјанск. Не е познато кој ги ангажирал платениците.

Врз основа на информациите, кои и се достaпни на јавноста, „Грејстон лимитед“ е структурален дел од фирмата „Блеквоутер“, која е преименувана во „Академи“.

Оваа фирма е на лош глас поради убиствата на цивили во Ирак, шверц на оружје и други кривични дела.