Американски политиколог открива: Кој и зошто ја уништи Југославија?

Американскиот политиколог Фил Батлер напиша колумна во која тврди дека разорувањето и распадот на Југославија биле дел од поширокиот план на НАТО сојузот. Намерата била геополитички да се ослабнат противниците на западниот блок во регионите на Третиот свет и да се проголтаат здравите економии на народите од овие земји.

Според него Југославија е прототип за она што денес се случува во Сирија, Украина, Ирак…

Никому не му треба тинк тенк за да открие зошто претседателот Бил Клинтон се двоумеше да посредува во Босна. Клинтон всушност ја продолжуваше политиката на неговиот претходник Џорџ Буш Постариот, која имаше за цел да го дестабилизра југословнескиот социјалистички успех. Сега знаеме дека кај нас тајно обучените бунтовници одиграа клучна улога во фрагментирањето на регионот преку организацијата позната како атланска бригада, која се бореше во војната во Косово на страна на ОВК, а броеше околу 400 вооружени борци, како што пишува „Christian Science Monitor“.

Интегралниот текст од неговата анализа ја пренесе и италијански „Глобалист“.

Можете ли да ја замислите Европа денес со Југославија како клучен играч меѓу народите? Јас можам. Всушност, Југославија беше еден од најголемите културни и општествени експерименти во историјата. Основана на подрачјето на конфликтот помеѓу некогашна Австро-Унгарија и Отоманското Царство, Југославија ги обединуваше двете култури на начин кој не е виден од времето на Александар Македонски, кој по големите освојувања ги асимилираше народите. Експериментот, ако може така да се нарече, траеше нешто повеќе од половина век. Во една држава живееја сите јужнословенски народи. Создавањето на Југославија делумно беше и геостратешки потег на Британија и Франција за да успори или блокира Германија, пишува Батлер.

Според неговите зборови, одредбите на т.н. „Крфска декларација“ ги удриле темелите на уставната монархија која во ништо не се разликувала од англиската.

Правата и правото на глас, почитувањето на темелните принципи на илирското движење беа ветувачки аспекти на раната југославија. Но тогаш кралот александар го укина уставоти и изборите, но заедничкиот живот на етничките и културни заедници и понатаму даваше надеж за иднината. Војната, политичките сплетки, внатрешните и надворешните притисоци во тоа време тешко ја оптоваруваа оваа нова светска сила во настанување. Како што тоа беше случај во многу такви експерименти, на крајот авторитарната власт, стана нужна, можеби и пожелна, тврди Батлер.

Тој вели дека националниот херој Јосип Броз Тито станал тој „диктатор“ но стекнал светска слава и цврсто ги држел нештата под контрола, а Југославија играла голема улога на светската сцена.

Меѓутоа кога неговата моќ ослабна, спротивните сили најдоа своја поткрепа. Нема научник или политичар што не говори за тоа денеска, но улогата на Тито во основањето на Движењето на неврзаните е голема и исклучително значајна, посебно за луѓето што сега живеат во Хрватска, Србија, Црна Гора и останатите поранешни југословенски земји. Иделаите на Движењето на неврзаните и неговите темели се удрени во Белград во 1961 – та година. Во создавањето на движењето учествуваа Тито, индискиот премиер Џавахарал Нехру, претседателот на Индонезија Сикарно, египетскиот претседател Гамал Абдел Насер и претседателот на Гана, Кваме Нкрумах. Во најкратки црти идејата за Движењето на неврзаните го објаснува лидерот на Куба, фидел Кастро во говорот во Хавана во 1979-тата година:

-Движењето на неврзаните постои за да се зачува националната независност, суверенитет, територијалниот интегритет и сигурност на неврзаните земји и нивната борба против империјализмот, колонијализмот, неоколонијализмот, расизмот и сите облици на странска агресија, окупација, доминација, мешање или хегемонија, како и против силите и блоковската политика, рече тогаш Кастро.

Значи во суштина…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.