Американски производител на оружје „Колт“ во стечај

Производителот на популарните американски пиштоли „Колт“ замина во стечај, по што компанијата ќе оди на аукциска продажба за почетна цена од нула долари.

Сопственикот на компанијата „Колт“, инвестицискиот фонт „Сајнс Кепитал Менаџмент“ предложи продажба по почетна цена од нула долари, но новиот сопственик треба да го преземе и долгот од 105 милиони долари кредитни обврзници и 20 милиони долари кредити, пренесува МИА.

Продажбата на пушките и пиштолите на „Колт“ опадна минатата година за 30 отсто, па компанијата минатиот месец не им исплати 11 милиони долари на сопственицитете на нејзини обврзници.

Во такви тешки ситуации компаниите обично им ја препуштаат сопственост на кредиторите, заменувајќи ги долговите за сопственички удел, што сопствниците на обврзиниците на „Колт“ го предложија минатиот месец. Меѓутоа, компанијата го одби ваквиот предлог со образложение дека тоа би било ризично.

Од друга страна, „Колт“, кој во миантото беше главен добавувач на оружје на американската војска, предложи издавање нови акции во износ 450 долари за секоја досега емитувана акција во вредност 1.000 доалри, што претставува дисконт од 55 отсто, но сопствениците на акциите ја обија ваквата понуда.

Според проценките на „Колт“, во наредната година приходите на компанијата ќе растат, па затоа сопственикот „Сајнс Кепитал Менаџмент“ одлучи да се обиде да го задржи имотот, дури и да претрпи голема загуба.

– Покренувањето стечај и понудата на фабриката на аукција е едиснтвниот начин „Колт“ да избегне прекин на работата, затоа што компанијата би престанала да испорачува нарачки, би отпуштила 800 вработени и би го довела во прашање пензинскиот фонд за вработените, наведе директорот на „Колт“, Кит Мејб.

Понудата на „Сајнс Кепитал Менаџмент“ за продоажба на „Колт“ за нула долари со превземање на обврските на компанијата, ќе биде само почетна понуда на аукциајта закажана за 3 август.

Компанијата „Колт“ е основана во 1855 година од страна на Семјуел Колт, а нејзините пиштоли биле главно оружје на Американците во текот на освојувањето на „Дивиот Запад“ во 19-от век.

Компанијата долго време доминираше на американските пазари, како по производството, така и по иновативноста, особено во периодот од половината на 19-от век, па до Првата светска војна.