Американски сенатор тврди дека руски тролови ја подгреваат кавгата околу играчите на NFL

Американскиот републикански сенатор Џејмс Ланкфорд изјави дека руските интернетски тролови, во желбата да ги поларизираат Американците, помагаат во разгорување на расправијата којашто се потпали откако американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше начинот на клекнување на играчите во NFL лигата за време на интонирањето на националната химна.

Ова уверување искажано од Џејмс Ланкфорд, член на сенатскиот комитет за разузнавачки прашања доаѓа во време кога иследниците на Конгресот истражуаат околу наводнодното руско мешање во претседателските избори од ноември 2016 година и се фокусирани на тоа дали и како руски агенти ги користеле социјалните мрежи за да „шират поткопувачки содржини“.

„Следиме како, дури и овој викенд, Русите и нивните интернетски тролови му се приклучуват на хаштагот TakeAKnee и BoycottNFL. Им се приклучуваат на двете страни во аргументацијата изнесена овој викенд, се обидуваат да го зголемат нивото на галамата во Америка и од тоа големо прашање настојуваат да направат уште поголемо прашање, сакајќи да ја зголемат поделеноста во оваа земја“, изјавил во средата Ланфорд за време на сослушувањато за заканите со коишто се соочуваат САД.

Меѓутоа, американските медиуми забележуваат дека републиканскиот сенатор своите тврдења не ги поткрепил со никакви докази.

Помошникот на Ланкфорд изјавил дека американските разузнавачки податоци кои ги поседуваат сенаторите покажуваат дека „операците на руските интернетски тролови поврзани со социјалните мрежи за мешање во американските прашања потекнуваат уште од минатогодишните претседателски избори и се обидуваат да создаваат поделби меѓу Американците“.

„Таквата активност се случува со години и во Европа“, тврдел сенаторскиот помошник кој не е именуван, пренесува Reuters.

На интернет страницата на аналитичарите кои соработуваат со Сојузот за осигурување на демократијата, кој се претставува како независен „трансатлантски проект кој се занимава со руските дезинформации“, се наведува дека твитовите кои ги промовираат двете страни во дебатата за американските фудбалери се испратени од 600 акаунти кои аналитичарите „ги идентификувале како корисници коишто шират руска пропаганда“ преку Twitter.

Официјална Москва веќе престана и да ги коментира ваквите информации кои доаѓаат од САД со обвинувањата за нејзино наводно мешање во изборниот систем и повеќепати досега одговори дека станува збор за „антируска хистерија“ којашто е резултат на политичките превирања во Вашингтон.

Инаку скандалот и јавната дебата започнаа кога минатата сабота американскиот претседател Доналд Трамп и дека од спортскиот свет жестоко се судрија кога овој ги ја повика американската рагби (фудбалска) лига NFL да ги отпушти играчите кои не ја почитуваат американската химна.

Поранешниот играч на Сан Франциско, Колин Кајперник предизвика поделени реакци во 2016 гоина кога не стана на химната, туку наместо тоа клекна во знак на протест против полициското насилство на афроамериканците. Истото тоа го сторија пред нивните натпревари уште неколку играчи.