Американски воен хеликоптер се урна во море кај Јапонија

Американски воен хеликоптер се урна во море кај Јапонија
Американски воен хеликоптер се урна во море кај Јапонија

Воен хеликоптер на САД се урна денес во морето кај јапонскиот остров Окинава. Тројца членови на еипажот се спасени, а двајца се водат како исчезнати.

Воен хеликоптер „Сикорски УХ-60 Блек Хоук“ се урна во морето на 30 километри источно од воздухопловната база „Кадена“ на Окинава, изјави портпаролот на јапонското Министерство за одбрана, Кентаро Като.

Во леталото се наоѓале пет лица, а не се соопштуваат детали за здравствената состојба на тројцата спасени.

Во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на исчезнатите лица.

Американски воен авион се урна во Германија

avionАмерикански воен авион се урна вчера изутрина на југот од Германија, но пилотот успеал да се катапултира и се здобил само со полесни повреди, објави локалната полицијата.

Станува збор за американски борбен авион од типот „F-16“. Локацијата на којашто се урнало леталото е пошумена, па се испратени пожарникари да го изгасат пожарот предизвикан при несреќата.

За сега не е познато што би можело да биде причина за несреќата, а германската телевизија N24 пренесува дека наводно станува збор за застој на моторот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.