Свет

Американски воени бродови впловија во Црно Море, Олимпијадата може да почне

Американски воени бродови впловија во Црно Море, Олимпијадата може да почне

Два американски воени бродови испловија во Црно Море, неколку дена пред отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, објави руската агенција Интерфакс, повикувајќи се на руски воени извори.

„Американскиот разурнувач „Рамаџ“ и бродот за амфибијски операции „Маунт Витни“ моментно се наоѓа во Црно Море со околу шест илјади маринци,“ изјави неименуван извор.

Пентагон кон крајот на јануари објави дека е подготвен да распореди поморски и воздухопловни сили во Црно Море за да помогне во безбедноста во текот на Олимписките игри кои во Сочи ќе се одржуваат од 7 до 23 февруари.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека рускиот град Сочи е безбеден и дека Американците кои сакаат да одат на Олимписките игри, можат слободно тоа да го сторат.