Американскиот амбасадор бара Словенија да бира меѓу „вредностите на Западот“ и „рускиот модел“

Американскиот амбасадор во Словенија, Брент Хартли во разговор за љубљанскиот неделник Reporter изразува зачуденост од благите ракции на Словенија во врска со нападот со нервен агенс во Велика Британија и порачува дека Љубана мора да донесе долгорочна процена што е нејзин интерес: „демократските вредности на Западот“ или, пак, „рускиот модел на општество“.

Во разговорот за неделникот кој е близок на конзерватвината опозиција, американскиот амбасадор Брент Хартли изразува „зачуденост“ од одлуката на Словенија да не се придружи на поголемиот дел земји членки на ЕУ и сојузниците во НАТО кои по нападот со нервен агенс во англиски Солсбери врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка ја обвинија Русија за тоа и се одлучија за потерување на руски дипломати. Хартли ценува дека на оваа „дипломатска иницијатива“ на повечето европски земји и челнки на НАТО и партнерски земји како Македонија, треба да им се пидружи и Словенија, како и дека за тоа „уште има време“.

„Русите покажаа дека се подготвени на дејствување коешто ја дестабилизира Европа или другите региони во светот“. Од голема важност од меѓународната заедница упати јасна порака до Москва дека таквите постапки се целосно неприфатливи“, вели Хартли, додавајќи дека и натаму треба да се има надеж дека односите со Русија ќе се поправат.

На прашањето за наклонетиот однос на Словенците кон Русите, вели дека е свесен за тоа и дека го „шокира проруската ориентација на поголемиот дел од Словенците“, пренесе во вторникот словенечката службена новинска агенција STA.

За разлика од повеќето членки на ЕУ кои се одлучиле за откажување на гостопромството на дел од персоналот во руските дипломатски мисии, Словенија својот амбасадор во Москва го повика на „консултации“, но тамошните медиуми наведуваат дека и онака тој веќе бил во татковината поради католичките Велигденски празници и дека станува збор за многу благо симболично солидаризирање со Велика Британија.

Министерот за надворешни работи, Карл Ерјавец, минатата седмица изјави дека на премиерот Миро Церар не му предлагал пргонување на некој од руските дипломати, бидејќи инцидентот во Салсбери уште не е истражен, како и дека засега тоа е нерасветлен и помалку бизарен случај.

„Словенија е самостојна држава, но би морала да донесе долгорочна процен што е нејзиниот интерес: демократските вредности на Западот или рускиот модел на општество“, порачува Хартли.

На прашањето, пак, за словенечко-хрватскиот гранчен и спорот околу арбитражата, американскиот амбасадор вели дека Вашингтон „не сака да се определува за граничното прашае на двете наши сојузнички во НАТО и двете членки на ЕУ“, додавајќи дека САД ги поттикнуваат двете држави да постигнат договор за тоа.