Американскиот „Горбачов“, Трамп и Македонија

Пред два месеца напишав дека Трамп не е тоа што го сметаат неговите опоненти, како и  неговите подржувачи. Сега повторно се враќам на тоа прашање, затоа што човековата глупост нема граници. Уште повеќе, како и во случајот со Обама, постои опасност да заглавиме преку нашите фантазии.

Глупо е тврдењето дека Трамп бил борец против „естаблишментот“ во САД, демек против Системот. Не може да станеш милијардер во таа држава и 53-ти по богатство ако не си дел од нејзиниот Систем. Тоа не е Македонија, каде што „голтарот“ Љубчо Георгиевски преку ноќ стана крупен бизнисмен и премиер предавник.

Глупо е и другото тврдење дека кандидатурата на Трамп за претседател била „изненадувачка“. Уште во септември 2010 година тој најави дека ќе се кандидатира на изборите во 2012. Зошто не го направи тоа тогаш, туку сега? Одговорот следи подолу.

СЕ ЗНАЕ ДЕКА КЛАНОТ РОКФЕЛЕР ГИ ПОДРЖУВАШЕ ОБАМА И КЛИНТОНКА. КЛИНТОНКА НА ПРИМЕР, Е ВИДЕН ЧЛЕН НА ТРИЛИТЕРАЛНАТА КОМИСИЈА. НО, ПОЛИТИКАТА НЕ Е ЕДНОСТАВНА. ВО 2012 ГОДИНА КЛАНОВИТЕ РОКФЕЛЕР И РОТШИЛД, ЗАГРОЗЕНИ ОД ДРЖАВИТЕ ОД БРИКС, СКЛУЧИЈА СТРАТЕШКИ СОЈУЗ. ТРАМП БЕШЕ ЗАЧУВАН КАКО АЛТЕРНАТИВА НА ПОЛИТИКАТА НА ОБАМА.

Во претседателската кампања минатата година Клинтонка беше директен продолжувач на Обама, кој неславно катастрофира. Катастрофира по влегувањето на Русија во Сирија. Трамп, слично на Горбачов пред три децении, се јавува како РЕФОРМАТОР НА СИСТЕМОТ.

Зошто Трамп?

Прво, затоа што не доаѓа од политичките средини, туку од бизнис-средините, т.е. не е извалкан политички.

Второ, доволно е богат за да не краде брутално.

Трето, од една страна е атрактивен популист и многу познат, а од друга страна – суштинската содржина му е слабо позната. Самиот Трамп е автор на 20-тина книги, се знае многу за неговите бракови и разводи, но тоа е површно. Дури и неговото богатство е енигма. Самиот тврди дека има повеќе од 10 милијарди долари. „Вашингтон пост“ ги намалува на 9 милијарди, „Форбс“ дава цифри мегу 3,7 и 4,5 милијарди, а „Блумберг“ – 2,9 милијарди.

Четврто, Трамп е непредвидлив во своите дејствија (иако е предвидлив за тие кои го раководат) кое е плус во динамичните меѓународни односи.

Во недамнешна изјава еден од кланот Рокфелер рече ДЕКА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА МЕЃУ САД И РУСИЈА. Обама – Клинтонка се видливата страна на таа подготовка. За 8 години Обама води 7 војни, а агентот на Ротшилд – Сорос оствари многу „шарени“ револуции. ТИЕ ГО ПОДГОТВИЈА РАСПАДОТ НА ЕУ И ЈА ОПКРУЖИЈА РУСИЈА СО ВОЕНИ БАЗИ.

Во својата кандидатска кампања Трамп ја најави потребата на Велика Британија да излезе од ЕУ. Зошто? За да се спаси од разгромот на Европа. Ротшилд не можеше да го допушти тоа. Веќе како претседател Трамп кажа дека не му е гајле за ЕУ, а НАТО морало да се реформира.

СЛИЧНО НА ГОРБАЧОВ, КОЈ СЕ ОТКАЖА ОД ИСТОЧНА ЕВРОПА, И ТРАМП (т.е. РОТШИЛД-РОКФЕЛЕР) САКА ДА СЕ ИСЧИСТИ ОД ПАРАЗИТИТЕ. СО ЕДЕН ЗБОР, КЛАНОВИТЕ ПОЗАДИ ТРАМП САКААТ ДА ГО ИСЧИСТАТ САД ОД НЕПОТРЕБНАТА ЕВРОПА, КОЈА САМИТЕ ЈА НАПРАВИЈА НЕПОТРЕБНА.

Во своите дејствија Трамп ќе дејствува како бизнисмен кој го дели „сувото“ од „суровото“ со чиста совест, а тоа во целост им одговара на клановите Ротшилд-Рокфелер.

НА ТОЈ НАЧИН И ТРАМП СЛИЧНО КАКО И ГОРБАЧОВ ЌЕ БИДЕ ИСКОРИСТЕН ЗА МЕНУВАЊЕ НА ЕДНО ЃУБРЕ СО ДРУГО.

Ете зошто, против Трамп се сите досегашни марионети на Ротшилд (како Сорос), кои Трамп ќе ги расчисти во име на „американскиот народ“, а практично во интерес на Ротшилд-Рокфелер. Војот на целата досегашна „надстројка“ – политичка, културна, медиумска, шоуменска, создава впечаток за револуција на Трамп. Тој впечаток постои и кај обичните Американци, на кои во својата инагурациска реч Трамп вети:

„Денес ја земаме власта од Вашингтон и ја враќаме на американскиот народ“.

Вистината ѕирка од претходната реченица на Трамп:

„Многу долго време една мала група во престолнината на нашата држава ги користеше позитивите на власта, а народот ја плаќаше цената“.

Обрнете внимание, „мала група“, а не Системот. Затоа и Трамп повтори со сличен лозунг како налик на Хитлеровиот…