Американскиот Конгрес го усвои воениот буџет за следната година

Американскиот Конгрес доцна синоќа го усвои воениот буџет за следната година, а новиот закон за национална одбрана вклучува и одредби за полесна екстрадиција на затвореници од Гвантанамо до матичните земји и намалување на бројот на сексуални напади во војска.

Во склад со тој закон, кој е усвоен со 84 гласа „за“ и 15 „против“ за војската во 2014-та година ќе бидат одвоени 552,1 милијарди долари, што вклучува војници за еден отсто.

Законот за национална одбрана исто така предвидува одвојување на 80,7 милијарди долари за воени операции надвор од САД, што првенствено се однесува на војната во Авганистан.