Свет

Американскиот Конгрес ќе ги преземе трошоците за изградба на ѕидот на границата со Мексико

Американскиот Конгрес ќе ги преземе трошоците за изградба на ѕидот на границата со Мексико

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мекконел и претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, републиканец од Висконсин, не објаснија како Конгресот ќе ги преземе трошоците за ѕидот, за што инсистира претседателот Доналд Трамп, пренесува БТА.

На средба со репортерите во Филаделфија, каде на годишна конференција се собраа конгресмените и сенаторите од Републиканската партија, Рајан беше прашан дали цената за ѕидот ќе биде додадена кон буџетскиот дефицит или Конгресот ќе бара други начини за негово финансирање. Тој, меѓутоа, не даде конкретен одговор, туку само кажа дека ќе се побара дополнителен буџет од администрацијата.

-Главното е тоа што ќе го финансираме Законот за заштитниот ѕид, подвлече Рајан.

Подоцна денеска се очекува и претседателот Доналд Трамп, кој веќе го потпиша административниот акт за изградба на ѕидот, да оддржи говор пред законодавците републикаци.