Американскиот професор Фергусон: Косово ќе стане нов Моленбег

Гледам опасност од екстремизам на Косово и би бил мошне изненаден ако пишувањето на „Њујорк тајмс“ за тоа дека Косово се претвора во нов Моленбег не се оставри, оценува професорот по историја на американскиот универзитет Харвард, Нил Фергусон, пренесува Б92.

Тој во интервју за српска „Политика“ вели дека екстремизмот е глобален пресврт што цели дури и на секуларните држави и ги претвора во следбеници на екстремните верзии на исламот и додава:

Создадовме нестабилна и опасна држава.

Иако оценува дека интервенцијата на Косово била успешна Фергусон истакнува дека грешката била направена подоцна, кога била признаена независноста на Косово:

Тоа беше стратешки погрешно од страна на Западот затоа што не гледам како демократскиот претседател на Србија може да го признае Косово, што значи дека и српското членство во ЕУ е речиси невозможно, наведува британскиот истричар, што живее и работи во САД.

На прашањето дали членството на Србија во ЕУ поради Косово е возможни, Фергусон  наведува дека на Западот треба повторно да размислат за тоа.

Ако интересите ни се мир и стабилност на Балканот, тогаш нема смисла Косово да биде препрека за интеграција на Србија во ЕУ. Србија исто така мора да прифати дека Косово веќе никогаш нема да биде дел од Србија, вели историчарот.

Фергусон, кого магазинот „Тајм“ го прогласи за еден од највлијателните луѓе се наоѓа во Белград поради промоција на неговата книга „Кисинџер, 1923 – 1968: идеалист“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.