Американскиот Сенат договори зголемување на буџетот за 300 милијарди долари

Преговарачите во американскиот Сенат се согласија во средата за 300 милијарди евра да го зголемат буџетот за одбраната и јавната потрошувачка во следните две годни, за да се избегне застојот во финансирањето на сојузната влада а договорот се толкува како обид да се стави крај на меѓупартиските препукувања за буџетот кои со години го тресат Вашингтон.

Американскиот Конгрес има рок до 8-ми февруари да го изгласа буџетот за потрошувачката, со кој ќе се финансира функционирањето на сојузната влада до 23-ти март. Во спротивно, американското министерство за финансии на 23-ти марти ќе остане без можност да се задолжува.

„Предлог законот е резултат на долги преговори меѓу челниците во Конгресот и Велата куќа“, изјави лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мекконел додавајќи дека „напорно работевме за да постигнеме договор и притоа се концентриравме на тоа да му служиме на американскиот народ“.

Водачот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека догот би требало да го прекине циклусот на војување поради буџетот кошето со години во водат двете партии и оцени дека договорот е „првиот вистински резултат на партнерството на двете парии“.

Меѓутоа, демократите во Претставничкиот дом предупредија дека нема да гласаат за текстот доколку неговиот претседател, републиканецот По Рајан, не веди дека ќе го протурка законот со којшто ќе се заштитат младите илегални доселеници, кои демократските активисти и нивните медиуми романтичарски ги нарекоа „Сонувачи“

Меѓутоа, договорот постигнат во средата не ја вклучува реформата на законот за доселување, иако Мекконел вети дека дискусијата за доселенечкиот закон „ќе биде чесен процес за двете страни“.

Договорот предвидува специјални фондови за помош на населението погодено од природни катастрофи, како неодамнешните урагани и пожари, како и за инфраструктурата и програмите за борба против зависностите.

Поголемата потрошувачка за одбраната би требало на претседателот Доналд Трамп да му овозможи да го спроведе ветувањето за подобро вооружување на САД

Договорот му доделува на Пентагон 80 милијарди долари зголемување за тековната фискална година за основните одбранбени програми, што претставува зголемување од 14 отсто во однос на моменталната состојба и го надминува барањето на претседателот Трамп за 26 милијарди долари Недбренбените програми би добиле околу 60 милијарди долари повеќе од сегашната ситуација Овие бројки благо би се зголемиле за буџетската 2019 година којашто започнува на 1-ви октомври.

Договорот постигнат во Сенатот содржи и 90 милијарди долари помош за сојузните држави Тексас, Флорида и Порторико, коишто беа разорен и од урагани.

Белата куќа соопшти дека ја поздравува веста за постигнувањето на договорот, но посочи дека уште треба да го види конечниот текст на договорот.

Кога текстот на законот од Сенатот ќе се врати во Претставничкиот дом, според американските медиуми, таму може да се побунат републиканците поради преголемата јавна потрошувачка. Покрај тоа, би можеле да се побунат и демократските пратеници, бидејќи не е донесено конечно решение за нелегалните доселеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.