Американскиот Врховен суд го поддржа Трамп и ја одобри неговата забрана за влез

© AFP 2017 / Saul Loeb

Американскиот Врховен суд му ја додели во понеделникот победата на претседателот Доналд Трамп одобрувајќи ја неговата привремена забрана за влегување во САД на државјани од шест доминантно муслиманските земји и сите бегалци кои немаат цврсти врски со САД, и соопшти дека оваа есен ќе одлучува за законитоста на овој указ.

Овој случај претставува голем испит за претседателските овластувања. Врховните судии, во својата непотпишана одлука, одобрија дејствување на итното барање на администрацијата на претседателот Доналд Трамп веднаш да се спроведе наредбата додека продолжува правната битка.

Судот, кој го стесни просторот за пресудите од пониските судови кои во целост да ја блокираат неговата извршна уредба до 6 март, соопшти дека ќе отвори расправа во октомври за законитоста на оваа една од најважните одлуки на Трамп во првите месеци од неговото претседавање.

Указот од 6 март повика на 90-дневна забрана за влегување на патници од Либија, Иран, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен и 120-дневна забрана за сите бегалци за да ѝ се овозможи на владата да се воведат построги проверки. Одлуката ја блокираа сојузни судии пред, според планот, да требаше да стапи на сила на 16 март.

Двете забрани сера треба да стапат на сила делумно во наредните 72 часа, врз основа на меморандумот кој администрацијата на Трамп го издаде на 14 јуни.

Дури и пред одлуката на Врховниот суд, забраната се однесуваше само на новите подносителите на барањата за виза, не на лицата коишто веќе имаат виза или на оние коишто постојано престојуваат во САД, односно имаат ткн „зелена карта“. Извршниот указ, исто така, ги иззема странците кои сакаат да влезат во САД за таму да ја продолжат работата или образованието, да го посетат сопружникот, дете или родителите кои се американски државјани или поради „важни деловни или професионални обврски“. Бегалците во транзит или оние коишто веќе имаат дозвола за патување во САД според овој извршен указ.

Судиите рекле дека забраната за патување ќе стапи на сила „за странските државјани кои немаат бона фиде врски со лице или ентитет во САД“. Тоа покажува дека на лицата од шесте наведени земји и бегалците кои имаат семејни деловни или други врски не може да биде забрането влегувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.