Американските и ЕУ политичари се потапоглави од македонските

Тајната на близу тримилениумското македонско опстојуване е од една страна во во цврстиот идентитет на македонскиот народ, а од друга – во фактот дека странските непријатели на Македонија биле потапоглави од македонските лидери.

Мечтата на Гоце Делчев за културен натпревар на светот, денес е трансформирана во политички натпревар меѓу светски идиоти. Уште пред 10-ина години, белгискиот професор по психологија Паскал де Сјутер, кој притоа е експерт за НАТО, ја објави книгата „Лудите не управуваат“. Херои во тој труд се: Бил Клинтон, Џорџ Ј. Буш, Франсоа Митеран, Силвио Берлускони, Никола Саркози и други. Психолошки профили се прават и за локални лидери. Швајцарскиот психоаналичар од бугарско потекло д-р Гено Даскалов ја има објавено книгата „Психопати во власта“, во која ја сместил целата бугарска политичка елита на чело со поранешите претседатели Стојанов и Прванов, поранешниот премиер Костов, министерката за надворешни работи Михајлова, актуелниот премиер Борисов итн. Ќе подвлечам дека и двете спомнати истражувања беа промовирани кога повеќето од споменатите државни функционери беа на власт.

Денешната американска политика е покатастрофална од кога и да било. Сето тоа мошне добро е видливо од изјавите дадени од двата претседателски кандидати Клинтон и Трамп. Клинтон е огледало на ненормалната американска политичка елита, а Трамп – на ненормалната американска економија и бизнис. Напредокот на фамилијата Клинтон е поврзан со околу 50 убиства на нивни соработници или опоненти. И двајцата се само марионети на паразитите кои управуваат со САД и сакат да го трансформираат светот во иста бандитска корпорација. Само што Клинтонка игра точно по правилата за нуклеарна војна со Русија и Кина, а Трамп се обидува да промовира посебни кловновски ишарети. Затоа може и да не ги дочека изборите. Истото може да и се случи и на Клинтонка од аспект на здравствената сосројба која ја има – инсулин, проблеми со тироидната жлеза, аритмија, деменција, паркинсон, алцхајмер. Сето тоа американската пропаганда строго го крие. Така што „честа“ за официјално отворање на светска војна веројатно ќе ја има Обама.

Американската светска политика се базира врз принципот на руските матрјошки. Големите светски идиоти создават свои регионални копии, а тие копии продуцираат – локални копии. Затоа не е чудно што во централата на Европската Унија нема ниту еден неповреден политичар. Тие, американски измеќари праќаат свои емисари агенти на Балканот, каде на овдешните народи заедно со балтичките републики и Полска им ја наметнуваат улогата на први жртви во светската војна. Погледнете ги фаците на овие агенти – Хан, Ховит, Жбогар, видете ги нивните очи, слушнете ги нивните зборови. Дали се нормални луѓе или геномодифицирани зомби, автомати без мисла и чувства?

Еве што вели евроамбасадорот Жбогар:

Декемвриските избори ќе бидат тест за одговорност, тест за зрелоста, за нејзините (на кого конкретно? – д. м. Ст. Вл. – М.) институции, за јавните службеници, за медиумите и за граѓаните. Ќе успеете за вашата земја да може да се врати на евроинтегративниот пат каде што припаѓа, кон значајни реформи и кон просперитет.

Само две реченици, а во нив се собрани шизофренија, контрадикторност, самобендисаност, идиотизам:

Прво, како можат сите наброени фактори од Жбогар да покажат одговорност и зрелост во непостоечка, според него, држава? Ако станува збор за неидентификувана „ваша земја“, за непостоечка земја, тогаш и институциите и македонскиот народ излегуваат нелигитимни (како што тврди „Специјалната“) и не може да се бара ништо од нив.

Второ, од непостоечката „ваша земја“ се бара да се врати на интегративниот пат, каде што припаѓала. Значи, тогаш и останатите држави во ЕУ се непостоечки, затоа што не можат непостоечки и постоечки земји да имаат ист пат.

Трето, досега нема случај источноевропска држава које влегла во ЕУ, да има „просперитет“. Независно од тоа какви реформи правела. Во таков случај, наредбата кон Македонија да се врати на евроинтегративниот пат е наредба за економско и идентитетско самоубиство.

Цитираните две реченици се доволен доказ дека…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.