Американските и ЕУ политичари се потапоглави од македонските

Цитираните две реченици се доволен доказ дека евроамбасадорот Жбогар мора да биде пратен на психијатар. Таму мора да се најде и известувачот за Македонија Ричард Ховит, кој изјави дека критериумот за фер и демократски избори на 11 декември се „резултатите да бидат признаени од сите учесници“. По таа логика, Англија од која доаѓа Ховит досега немала ниту едни демократски избори и ниту една лигитимна влада. Ниту, пак, референдумот за Брегзит е легитимен, затоа што многу активно беше оспорен. Оспорени беа и резултатите од референдумот во Шкотска, што значи дека Велика Британија мора веднаш да ја признае независноста на Шкотска.

Вкупно за на психијатар се сите функционери во Брисел, кои во однос на Србија и на Македонија се изјаснуваат како целосни шизофреничари. Пред неколку денови српскиот премиер Вучиќ призна за уцените од Брисел во однос на српскиот систем:

Остави го сега тоа, тоа важи кога ние ќе ти кажеме, а не кога ти сакаш.

Станува збор за уапсениот регионален директор на Косово и Метохија, Нехат Тачи.  Истото е и во Македонија, каде две години окупаторите од Брисел не дозволуваат да биде уапсен криминалецот, шпиунот и државниот предавник Зоран Заев. Законите важеле за сите, само не и за струмичкиот злосторник. Создавањето на СЈО исто така беше шизофреничен акт, затоа што неговата цел е да ги апси не прислушувачите на македонскиот државен врв, туку прислушуваниот државен врв. Во нормална држава прво се ловат прислушувачите и се праќаат во затвор. И нема потреба од „специјално“ обвинителство и суд. Што е специјалното на СЈО? Тоа што наместо да бидат уапсени главните прислушувачи и организатори на антидржавниот пуч – амбасадорите Бејли и Гарет, мора да бидат уапсени Груевски и другите лидери на ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел се бара продолжен мандат на СЈО и формирање на специјален суд. Со други зборови, во име на „демократијата“, пратениците од владејачката партија мора да гласаат за своето самоуништување. Инаку, во ноември немало да ја добиеме новата хартија за бришење газ, именувана како „условена препорака“ за ЕУ.

Не еднаш сум напишал дека тактиката на ВМРО-ДПМНЕ да попушти во се’, и на тој начин да ја доведе опозицијата до избори е мошне глупава.

ЗАТОА ШТО,  УСЛОВОТ ЗА УЧЕСТВО Е ПО ТАКВИ ИЗБОРИ ДА СЕ СОЗДАДЕ КОАЛИЦИСКА ВЛАДА, КОЈА ЌЕ ГО СМЕНИ УСТАВНОТО ИМЕ НА ДРЖАВАТА, ЌЕ ВОВЕДЕ ОФИЦИЈАЛНА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, ДВОЈАЗИЧНОСТ, ОДВОЕН ЕТНИЧКИ БУЏЕТ.

Од друга страна, владејачката партија го повикува народот на победа, НО НЕ МУ ВЕТУВА ШТО ЌЕ БИДЕ ПО ПОБЕДАТА.

Надвор од социјалните проекти, ништо друго не слушаме. Значи бара целосна поткрепа, вели дека изборите на 11 декември ќе бидат референдум за опстанок на државата, а ШТО КОНКРЕТНО ЌЕ СЕ ПРАВИ ЗА ТОЈ ОПСТАНОК, ЗА РЕШАВАЊЕТО НА КРИЗАТА – ТИШИНА И МОЛК.

Таков став апсолутно одговара на странскиот окупаторски фактор во Македонија. Затоа што не се прави јасна дистинкција меѓу патриотизмот и предавството, надвор од вербалните судири. Затоа што се дава можност резултатите од изборите да не бидат катастрофални за СДСМ, а тоа пак, ќе го олесни понатамошниот притисок за коалициона капитулирачка влада.

ЕТЕ ЗОШТО, СЕ’ ПОГОЛЕМА Е МОЖНОСТА ИЗБОРИТЕ ДА СЕ ОДРЖАТ НА 11 ДЕКЕМВРИ. НО СЕКАКО, РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ БИДАТ ОСПОРЕНИ, КРИЗАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ВО ПРОЛЕТТА ОД 2017 ГОДИНА – ЗА ДА БИДАТ ОДРЖАНИ НОВИ ИЗБОРИ.

Целта останува иста, но залогот станува уште поголем, затоа што тогаш ќе има и локални избори. А, со досегашната политика ВМРО-ДПМНЕ нема да ги потврди своите поранешни резултати.

САМО ШТО АКО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ТАПОГЛАВЦИ, ТОГАШ АМЕРИКАНСКИТЕ И НИВНИТЕ МАРИОНЕТИ ОД ЕУ СЕ УШТЕ ПОГОЛЕМИ ТАПОГЛАВЦИ.

Тие сакаат да направат од Македонија втор Авганистан, ама нема да им стигне времето. Наскоро и САД и ЕУ ќе мора целосно да се сконцентираат врз својот спас.

ВО ЕДЕН МОМЕНТ КРИТИКУВАНИОТ И ОД ЗАПАДОТ, И ОД МАКЕДОНСКИТЕ ПЕТТОКОЛОНАШИ И ПРЕДАВНИЦИ, НО И ОД ЦВРСТИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ (ЗАРАДИ ПОПУСЛИВОСТ) ГРУЕВСКИ МОЖЕ ДА СЕ ПОКАЖЕ КАКО ИТАР ДРЖАВНИК.

Ќе потсетам на една приказна. Жабата видела дека крапот одмара во близина на брегот и го прашала што прави овде.Тој и одговорил дека чека некој рибар. На повторното прашање дали веќе не сака да живее, крапот вели дека се договорил со крокодилот да послужи само како мамка.

Така што, Србија и Македонија можат да станат балканска мамка за САД и нивните локални марионети, кои секојдневно чекаат Македонија да биде срушена. Само што Русија и Турција потпишуваат за „Турски тек“. Геополитиката за Црно Море се менува, времето за расплет се ближи. Потврда за тоа е и предупредуването на Меркел до Германците да имаат залихи од храна и вода за 10 дена.

СЕПАК, НИЕ НЕ МОЖЕМЕ САМО ДА ГО ЧЕКАМЕ ВРАЌАЊЕТО НА РУСИЈА ВО ЕВРОПА. КАКО И НАШИТЕ ПРЕТХОДНИЦИ ШТО НЕ ГО ЧЕКАА УНИШТУВАЊЕТО НА ФАШИЗМОТ.  ПОТРЕБНА Е САМООРГАНИЗАЦИЈА И СПРЕМНОСТ ЗА БОРБА, ВО ЗАВИСНОСТ ОД СОСТОЈБИТЕ ПО ИЗБОРИТЕ, ДОКОЛКУ СЕ ОДРЖАТ.  ВО СПРОТИВНО, САМООРГАНИЗАЦИЈАТА МОРА ДА ПОЧНЕ УШТЕ ВО НОЕМВРИ.