Американските и европските санкции не се исти за Русија

Рускиот министер за економски развој Алексеј Улјукајев денеска изјави дека европските и американски санкции врз Русија се различини, нагласувајќи дека санкциите на Вашингтон ќе бидат проблем со децении.

Претходно Улјукајев изјави дека Актот за поддршка на слободата на Украина, со кој се дава право на американскиот претседател на воведува санкции против Русија, ќе биде проблем со децении.

– Да, сметам дека усвојувањето на федерален американски закон за поддршка на Украина и воведување на санкции против нас е проблем со децении. Сепак, прашање е колку ќе има влијание врз нас. Обемот на нашата соработка со САД не е голем, изјави Улјукајев за „Комсомолска правда“.

Според Улјукајев европските санкции може да имаат поинаква судбина. – Европските и американски санкции се различна работа, изајви тој.

Околу 60 проценти од стоковата размена на Русија е со Европа, а само околу пет отсто со САД и Канада, додека санкциите воведени на некои руски одбранбени и сировински комании и банки првенствено претставува ограничување во финансирање и пристап до технологии.

САД и ЕУ не го признаваат пристапувањето на Крим во рамките на Руската федерација и ја обвинуваат Москва за мешање во внатрешните работи на Украина, што Русија го негира. Западните земји од март на неколку пати воведуваат санкции за руски политичари, бизнисмени и комании.

Извор: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.