Американските ќе ги обучуваат македонските доктори

Отсега па до крајот на годинава во Македонија ќе пристигнат педесет професионални врвни доктори од САД кои ќе вршат обука, ќе го пренесуваат своето знаење и вештините и рамо до рамо ќе работат со македонските доктори.

Во моментов се пристигнати 12 специјалисти, во октомври ќе дојдат уште 16 доктори, а во ноември и декември ќе пристигнат уште 22 доктори кои ќе бидат распределени во повеќе здравствени установи.

Како што истакна министерот за здравство Никола Тодоров во изминативе две години во Македонија престојувале преку 60 доктори кои го пренеле своето и го унапредиле знаењето на македонските доктори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.