петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 40

Американските компании ќе дадат 650 милиони долари на бегалците

Над 50 американски компании ветија 650 милиони долари за помош на бегалците во светот, соопшти Белата куќа. 

1200x600

Поврзани вести

Соопшението е објавено во момент кога американскиот претседател Барак Обама се обидува да најде начини за решавање на проблемите на бегалците пред светските лидери, кои се собраа во Њујорк на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Фејсбук“, „Твитер“, „Мастеркард“, „Џонсон и Џонсон“ и „Чобани“ се меѓу 51 компанија, кои ветија дека ќе го олеснат пристапот до образованието, работни места и финансиските услуги за 6,3 милиони бегалци во над 20 земји.

Обама беше подложен на критики дека не прави доволно за бегалците во светот. Тој во Њујорк организира самит со лидерите на Јордан, Мексико, Шведска, Германија, Канада, Етиопија и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

– Се очекува земјите учеснички да ги објават своите донации, согласно целта на САД за зголемување на хуманитарната помош со три милијарди долари, обезбедување на пристап до образование и работни места, изјави постојаниот претставник на САД во ОН, Саманта Пауер.

Светот се соочува во најголемата мигрантска криза по Втората светска војна. Над 65 милиони лица во светот ги напуштиле домовите поради вооружени конфликти или во потрага по подобар живот.

Најчитани вести