Свет

Американските компании со намалени инвестиции

Американските компании со намалени инвестиции

Директорите на американските компании не се многу оптимисти во поглед на економските перспективи и инвестициските проекти, објави МИА.

Од 129 анкетирани генерални директори на американски компании, 36 отсто изјавиле дека планираат зголемување на инвестициите во следните шест месеци, додека такви планови во септември имале 39 отсто од нив, а во јуни 44 проценти, покажа анкета која секои три месеци ја спроведува здружението „Бизнис раундтејбл“.

Студијата, исто така, открива дека 74 отсто од директорите очекуваат зголемување на приходите за идниот шестмесечен период, што практично е стабилна пропорција во однос на претходната анкета, кога такво очекување имале 73 проценти од анкетираните.