Американските конгресмени побараа Франција да ги раскине договорите со Русија

Тројца американски конгресмени, синоќа побараа Франција да ги раскине договорите за испорака на воени бродови за Русија и тие бродови да ги продаде или да му ги изнајми на НАТО.

Конресмените предводени од Елиот Енџел влијателен демократ во Одборот за надоврешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот, упати писмо до Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фор Расмунсен, во кое ја изразуваат својата загриженост поради руското купување на француски воени бордови.

„Од суштинско знаење е земјите членки на Алијансата да не и ставаат на располагање на Русија моќно оружје со кое таа би можела да ги нападне нејзините соседи“, се вели во писмото до Расмунсен за двата брода од типот „мистрал“.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, ја повтори својата изјава кон својот француски колега, дека Вашингтон не е задоволен поради француската испорака на воените бродови во Москва.

Франција, која првобитно посака да го раскине договорот поради приклучувањето на Крим кон Русија, одлучи договорот за сега да важи, а дали тој ќе се раскине, таа одлука да ја донесе во октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.