Американските медиуми го потсетуваат Вашингтон на руската „мајка на сите бомби“

(Фотографија на руското министерство за одбрана од експлозијата на мегабомбата АВБПМ)

Русија, сепак, го поседува најмоќното ненуклеарно оружје, или таканаречената „мајка на сите бомби“, којашто е поголема од американската мегабомба којашто во четвртокот вечерта беше употребена против џихадистите на Исламската држава во Авганистан, пишува во петокот National Interest.

Во написот на американскиот медиум како најмоќна конвенционална бомба се наведува авијациската вакумна бомба со зголемена моќност позната по руската кратенка АВБПМ. Според National Interest, таа е помоќна од најмоќната американска ненуклеарна бомба „GBU-43/B“, којашто неофицијално е наречена „мајката на сите бомби“.

Според димензиите руската мегабомба е помала од својот американски аналог, но притоа нејзината моќност е споредлива со 40 тони ТНТ, што е речиси четири пати повеќе отколку на „GBU-43/B“, којашто тежи 9,8 тони и има експлозивна моќ којашто може да се спореди со 11 тони ТНТ. Исто така, радиусот на уништувањето на гранатираното подрачје кај рускиот „татко“ за повеќе од двапати го надминува оној на американската „мајка“, наведуваат експертите.

Првите тестирања на АВБПМ се извршени во Русија во 2007 година. При експлозијата на бомбата се издигнал експлозивен прав, којшто го исполнува просторот и на својот пат ги уништува сите објекти, но радиоактивна контаминација не се случува, појаснуваат стручњаците консултирани од Business Insider.

Во четвртокот вечерта САД првпат је употребија тешката ненуклеарна бомба со кои беа гаѓани мрежата пештери и тунели коишто ги користела Исламската држава во авганистанската покраина Нангахар, близу границата со Пакистан. Според во петокот потврдените информации, во експлозијата биле убиени 36 џихадистички борци, но немало жртви меѓу цивилното население во ова зафрлено подрачје.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека оваа операција била „многу успешна мисија“ на американските вооружени сили. Истовремено тој навести дека употребата на мегабомбата во Авганистан би можело да се сфати како предупредување за Северна Кореја.

 

https://www.youtube.com/watch?v=pRoCPrZYHD8