Свет

Војна меѓу Москва и Вашингтон преку медиумите Американските служби се обидуваат да врбуваат руски новинари

Американските служби се обидуваат да врбуваат руски новинари
© Михаил Терещенко/ТАСС

Американските разузнавачки служби вршат притисок врз руските новинари, вклучително и со обиди да ги врбуваат, обвини во средата на прес-конференција портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, опишувајќи ги ваквите обиди како „бројни и повеќестепени“.

„Покрај правниот притисок од властите на оваа земја (САД), активо се практикува помалку формалната, но според нивното мислење очигледно поефикасната метода. Во последно време претставниците на руските медиуми, вклучително и во САД, се под силен притисок од страна на американските разузнавачки служби, обидувајќи се да ги врбуваат“, рекла Захарова.

Портпаролката на руската дипломатија тврдењето го илустрирала со примерот на еден руски новинар кому американското разузнавање отворено му понудило соработка, но Марија Захарова не го прецизирала неговорот име, ниту медиумот за кој работи.

„Тоа го правеле сосема коректно, притоа без да ја откриваат вистинската природа на оваа соработка, а потоа откако добиле недвосмислен негативен одговорот, се обиделе да одат на поинаков начин, односно да дејствуваат со поткуп, а натаму преминале и на психолошки притисок, а потоа и на банални директни закани“, ја цитира агенцијата РИА портпаролката.

Според Захарова, американските разузнавачки „навлегувале во приваниот простор, вклучително и надвор од работното време, а имале сличен пристап и кон членовите на семејствата, кон многу лица кои самите немаат во принип поврзаност со новинарството“.

„Повторно ова прашање во овој случај го поставуваме не само пред нашите американски колеги, туки и пред целата меѓународна заедница, за притисокот без преседан врз руските медиуми од страна на САД“, додала Захарова.

Според неа, станува збор, меѓу другото, и за условувањата американската редакција на руската меѓународна телевизија RT во САД да се регистрира како „странски агент“ според законот од 1938 година. Захарова, исто така, додала дека доколку му се постави прашањето на Стејт департменто за обидот за врбувањето на руските новинари „ќе речат дека не се запознаени за такви случаи“.

Поради тоа, додала Захарова, ова прашање ќе го покрене шефот на руската диполамтија Сергеј Лавров на средбата со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во четвртокот во Виена, како и оти американската страна нема да може да каже дека нема такви инфирмации или дека не ги коментираат.

Потсетила дека неодамна во посета на Русија престојуваше претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Арлем Дезир, од кого Москва очекува „да обрати внимание на оваа неприфатлива ситуација и да извлече соодветни заклучоци“.

Уште е во февруари годинава Лавров извести за континуирани обиди за врбување на руски дипломати и во Европа и во САД. Во април 2016 година, американските разузнавачки служби му понудиле соработка на советникот во амбасадата на Русија во Вашингтон, беше објавено тогаш.

Неодамна американското министерство за правда ја внесе редакцијата RT America во листата странски агенти, а на агенцијата Sputnik ѝ е одбиена регистрацијата, на што Москва реагираше со ставање на иста листа на девет медиуми во Русија коишто се финансирани од американскиот Конгрес.

Главната уредничка на агенцијата „Россия сегодня“ и на телевизијата RT, Маргарите Сомонијан по тој повод изјави дека изборот бил меѓу регистрирањето како странски агент и кривично дело, и притоа честиташе на „американската слобода на говорот и на сите кои се’ уште веруваат во тоа“.