Амeриканското гратче пример за добар менџмент

Еден град од 100.000 жители пред девет години целокупната своја управа ја приватизирале. Сега не само што имаат доволно пари за вложување, туку и за „ставање на страна“.

Градот Сенди Спрингс (Sandy Springs) кој се наоѓа во сојузната држава Џорџија на прв поглед делува како било кој друг град во Америка, со уредени паркови, нови улици и модерни згради. Меѓутоа, она што го прави различен е тоа што од 2005 година, скоро сите функции на градската управа се препуштени на приватни компании.

Сите градски функции, освен полицијата и пожарната во Сенди Спрингс се препуштени на „оутсорсинг“.

„Оутсорсингот“ во Сенди Спрингс е задолжен за грижата на ифраструктурата, но и за исплата на пензиите кои значајно се разликуваат од остатокот во САД. Нема заостанување во решавање на барањата за разни дозволи кои ги издава градот. Ако некој услуга не пружа доволно добри резултати за градот, договорот на фирмата која ја вршела таа работа се откажува и се најмува друга фирма.

Со препуштање на контролата на приватниот сектор, градот заштедил многу пари, а наместо 828 вработени во управата, составот без проблем функционира и со 471 вработен од кој само осуммина се вработени на полно работно време.Во Сенди Спрингс се работи така да имаат поголем плус во градските сметки.

„Во текот на секој буџетски циклус одвојуваме 25 отсто од приходите во резерви. Во текот на  првите години вложивме повеќе од 185 милиони долари во големи промени на инфраструктура , а сега можеме и да заштедиме“, објаснила портпаролката на градската управа.

Во текот на вложувањата во инфраструктурата се поправени 236 километри патишта, поставени се 50 километри плочници и се работело на 874 проекти поврзани за вода.

Луѓето кои доаѓаат да живеат во градот обично не знаат дека градот е приватизиран, бидејќи не постои ниеден оглас кој го прикажува логото на фирмите кои работат за градот, а жителите велат дека се презадоволни.

Секој пат кога некому му е потребна помош или информација во врска со градот, може да се повика информацискиот центар во било кое време од денот или ноќта. Оттаму ќе одговори љубезен оператор, кој има пристап до камерите распоредени на улиците и ќе одговори на прашањето. Инфо-службата прима околу 6000 повици месечно.

Дека граѓаните се задоволни со ваквиот пристап на водење на градот покажува и податокот дека на изборите за градоначалник премоќно победил токму оној кандидат кој во текот на изборната кампања заговарал дека градот ќе остане приватизиран.

И многу други градови го разгледуваат префрлањето на системот по примерот на Сенди Спрингс. Еден од главните архитекти на движењето за префрлање на – „Се повеќе ме прашуваат за совет за овој модел“ вели архитектот и додава дека неколку градови во Велика Британија, Јапонија, Исланд и Латинска Америка го разгледуваат моделот на приватизација.