Свет

Американците се против САД да се мешаат во проблемите на другите земји

Американците се против САД да се мешаат во проблемите на другите земји

Според резултатите што беа објавенни вчера од истражувањето насловено „Местото на Америка во светот – 2013“, рекордни 52 отсто од Американците се согласуваат дека САД „би требало да се занимаваат со свои дела и да им дозволат на другите земји сами да ги решаваат своите проблеми. Спротивно мислење од ова, имаат 38 отсто од анкетираните, а останатите 10 проценти се воздржани од одговор на ова прашање.

На прашањето „дали САД станаа повлијателни и помоќни во последните 10 години“, позитивно одговорили само 17 отсто од испитаниците во анкетата, а 53 отсто од анкетираните сметаат дека ситуацијата е токму спротивна, остатокот се воздржани и немат одговор на ова прашање.

Во целата историја на ова анкета, што се одржува од 1964 година, никогаш на ова прашање не одоговориле позитивно поголемиот дел од Американците. Сега 70 отсто од испитаниците сметаат дека САД веќе не уживаат таков респект како порано.

Според експертите од Советот за меѓународни односи, најголеми штети на угледот на САД во светот, според Американците, нанела позицијата на администрацијата на претседателот Барак Обама за конфликтот во Сирија. Покрај тоа песимизмот на Американците во однос на перспективите на надворешната политика на САД е резултат од интервенцијата во војните во Ирак и Авганистан, како и во вооружениот конфликт во Либија .

Истражувањето било спроведено од 30 октомври до шестти ноември и во него учествувале повеќе од 2.000 Американци.