Свет

Американски авиони и дронови пристигнуваат во турските воени бази

Американски авиони и дронови пристигнуваат во турските воени бази
Американски авиони и дронови пристигнуваат во турските воени бази

Американски воени авиони и беспилотни летала почнаа да пристигнуваат во турските воздухопловни воени бази, а наскоро ќе биде покрената сеопфатна акција против џихадистите од Исламска држава, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, објави МИА

Властите во Анкара на крајот на јули и официјално го одобрија користењето на турските воздухопловни бази за американски и коалициски авиони што учествуваат во борбата против Исламска држава.

-Во согласност со нашиот договор со САД, остваривме напредок кога станува збор за отворањето на нашите бази, посебно базата Инџирлик, рече Чавушоглу за турската телевизија ТРТ.

Турција им дозволи на Коалициските сили користење на базата Инџирлик само за борба против ИД
Турција им дозволи на Коалициските сили користење на базата Инџирлик само за борба против ИД

„Гледаме дека почнаа да пристигнуваат американски авиони и дронови, а наскоро сите заедно ќе почнеме сеопфатна акција против Исламска држава“, изјави турскиот министер во текот на посетата на Малезија.

Анкара претходно потпиша договор со Коалициските сили предводени од САД да ја користат воздухопловната база Инџирлик.

Овој договор се однесува за користење на базата Инџирлик исклучиво за борба против ИД. Истиот не вклучува поддршка од воздух за курдските борци во северниот дел на Сирија.

САД и Турција со независна зона од Исламска држава

ВИДЕО: Турција ја нападна Исламска држава
Турција ја нападна Исламска држава

Целта на воспоставување слободна зона од Исламска држава е обезбедување поголема стабилност по должината на границата на Турција со Сирија. Деталите на „слободната зона“ треба се уште да се разработат, но евентуалните заеднички воени напори на САД и Турција нема да вклучат зона забранета за летови. Договорот уследи по седмицата на насилства во Турција за што властите ја обвинија ПКК и екстремисти од ИД.

 

Поврзани вести:

Турција ја нападна Исламска држава, кога воени авиони извршиле бомбардирања врз цели на џихадистичката група на територијата на Сирија. Оваа акција на турската армија се случува по нападите на џихадистите на позиции на војската на Турција долж границата.