Свет

Амнести интернешенел: Катар применува присилна работа кон странските работници

Амнести интернешенел: Катар применува присилна работа кон странските работници

Амнести Интернешенел (АИ) ги обвини властите во Катар за примена на присилна работа кон странските градежни работници кои учествуваат во изградбата на главниот стадион за светското првенство во фудбал, во 2022 година.

АИ тврди дка работниците кои го градат стадионот „Калифа Интернешенел„ принудени да живеат во мизерни услови, да плаќаат висока цена за таквото сместување и да работат со пониски квалификации од нивната вистинска обученост.

Сите работници не може да ги користат своите пасоши кои им ги одземаат катарските работодавачи.

Амнести Интернешенел ја обвинува и ФИФА дека досега не успеала да спречи злоупотреба на човековите права, на местото каде ќе се играат натпреварите од идното светско првенство.

Властите во Катар соопштија дека ќе ги испитаат обвинувањата од АИ, додека владата во Доха која тврди дека води грижа за социјалниот статус на странските работнци, вети темелни реформи на актуелниот закон за работа и за работни односи.

Минатата година Катар веќе еднаш вети рефирмирање на овој сектор, затоа што сегашните прописи дозволуваат странските работници да не може да сменат работа, како и да патуваат во странство, без претходно да добијат дозвола од работодавачот кој ги ангажирал.

Според АИ она што досега катарските власти имаат направено е премалку, затоа што и понатаму голем број странски работници живеат во „ужасни услови“.

Во истражувањето на Амнести Интернешенел учествувале 231 работници , главно од земјите на јужна Азија.