Амнести ја обвини Исламската држава за етничко чистење

Меѓународната организација Амнести интернешнал ги обвини џихадистите на Исламската држава за „системско етничко чистење“ во северен Ирак.

„Масакрот и киднапирањата кои ги спроведува Исламската држава се застрашувачки нови докази дека бранот на етничко чистење против малцинството се шири на северен Ирак,“ изјави претставникот на Амнести, Донатела Ровера пренесува АФП.

Амнести ги обвини исламистите за „воени злосторства вклучувајќи масовни убиства и киднапирања.

Обединетите нации соопштија во понеделникот дека повеќе од 1420 луѓе се убиени во август, а 1370 се ранети во Ирак.

Екстремистичката група Исламска држава го контролира огромното подрачје на североистокот на Сирија како и голем дел на територијата на Ирак, а нивната власт е проследена со брутални убиства, наведува француската агенција.