Амонијак од употребени пелени причина за паника во „Скопјанка“

Шестчасовната драма во „Скопјанка“ заврши откако специјалната единица на АРМ за атомска, биолошка и хемиска одбрана утврди дека пелени со измет и урина биле причина за испарување на амонијак, кој предизвика гушење на станарите кои беа евакуирани.

Откако противпожарната бригада и ниту полицијата не успеаја да утврдат што е причината за остриот мирис кој им ги пршел очите на станарите, на помош била викната единицата за АБХО со специјална опрема да утврди за што станува збор. Војниците со специјални комбинезони и маски влегоа во зградата и се упатија кон вториот кат, каде пожарникарите и инспекторите им кажаа дека се сомневаат оти миризбата доаѓа од еден од становите на катот.

На местото дојде и градоначалникот Петре Шилегов, кој на станарите им објасни за што станува збор, па за да ги убеди им покажа и видео од станот во кој имало голема нехигиена.

Во стан 11 на втори кат е пронајдено големо количество користени пелени исфрлани наоколу. Почната е дезинфекција на станот и утре ќе се врши дезинфекција на целиот влез. На лице место е екипа од Центарот за социјални работи која разговара со жените кои живеат во тој стан за да бидат соодветно згрижени во текот на ноќта, рече Шилегов.