среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

АМС го честиташе успехот на македонските фудбалери

marjan

Последни вести

Агенцијата за млади и спорт по повод големиот успех фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година и пласман на Европското првенство  кое се одржува следната година во Полска, денеска упати честитки до сите инволвирани во историскиот резултат за македонскиот фудбал.

– Во име на сите спортисти, спортската јавност и во мое лично име сакам да им се заблагодарам на спортистите, стручниот тим и Фудбалската федерација на Македонија, за се што направија во овој квалификациски циклус, завршувајќи триумфално на 11 октомври 2016 година во Скопје, победувајќи ја репрезентацијата на Шкотска. Во изминативе две години достојно ја претставуваа Република Македонија настапувајќи бескомпромисно, храбро и достоинствено како што доликува на врвни спортисти и амбасадори на спортот, се вели во честитката од директорот на АМС, Марјан Спасески.

Покрај афирмацијата на меѓународен план од непроценливо значење е влијанието што го направивте со своите настапи и игра, дома во Република Македонија, подигнувајќи ги патриотските и националните чувства на младите и сите граѓани на Република Македонија. Покажавте како треба секој од нас да си ги завршува своите работни и морални обврски. Нè направивте горди на еден од најголемите празници во Република Македонија – 11-ти Октомври, додава Спасески.

– На крајот, уште едно големо благодарам со порака дека целата македонска спортска јавност ќе биде со вас и во Полска на Европското првенство, што верувам и дополнително ќе ве мотивира во вашите подготовки  и настап, стои во честитката од директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Најчитани вести