АМСМ: Нема забрани за сообраќај

Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет рано утринава имало во Крива Паланка, Страцин и Стојмирово.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на некои од повисоките места наместа има остатоци од кашест снег на коловозот и по интервенцијата на дежурните екипи на „Македонија пат“.