вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

АМСМ: Патувајте наутро или во вечерните часови

patista6_0

Поврзани вести

Од Автомото сојузот на Македонија поради високите температури препорачуваат патување во раните утрински и вечерни часови, со почести одмори и конзумирање повеќе безалкохолни пијалоци.

Оттаму информираат дека сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните  премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Најчитани вести