петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 0

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

133374346

Поврзани вести

Од Автомото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Внимателно возење се препорачува и на обиколницата Скопје која е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Најчитани вести