АМСМ: Влажни коловози низ Македонија

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

ПРОБИШТИП-КРАТОВО: На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради свлечиште на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

РАДОВИШ-КОНЧЕ: На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На овој патен правец има забрана за движење на тешки товарни возила.

РАБОТИ НА ПАТ:

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од З.П. Кула до тунелот Катланово) сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата.

На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите, за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.

Патен правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 23.05.2014 год. започнa изведба на градежни работи „Реконструкција и рехабилитација на патната секција Велес – Кадрифаково“ Фаза 2 : од депонијата Велес до с.Лозово.

Според информација од ГЕИНГ инженеринг, за потребите за „Извршување на геотехнички истражни работи и изработка на Технички решенија – Основен проект за Санација на свлечишта и стабилизација на нестабилни зони – свлечиште на патот Р1202 Маврово – Дебар“, на стационажа км 24 + 500 започна изведување на геомеханички истражни работи на патот. Активностите ќе се изведуваат во период од 20.10.2014 до 31.10.2014. Во текот на извршување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено.

РАБОТИ НА ПАТ: Од ГЕИНГ инженеринг информираат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државните патишта, од 19.08.2014 год. започна со геодетско снимање и геотехнички истражни работи на следните патни правци:

– Р2343 (Р-502), делница Делчево – Голак
– А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево
– Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани – Ропотово – Црнилиште (Општина Долнени)
– Р1402 (Р-605), делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево
– Р2335 (Р-512) делница Кривогаштани – Обршани – Воѓани.

Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.