АМСМ: Внимателно возење и почитување на поставената сигнализација

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на патниот правец Прилеп-Градско, кај преминот Плетвар е отворен и се одвива без застои.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по претежно суви и чисти коловози. Поради ниските температури во текот на ноќните часови можна е појава на голомразица на повисоките и осојничави места.