АМСМ: Возете внимателно бидејќи коловозите се влажни

Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива без забрани, застои и ограничувања, по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот.

Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.