Македонија

АМСМ: Возете внимателно и почитувајте ги поставените знаци

АМСМ: Возете внимателно и почитувајте ги поставените знаци

Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 150 метри кај Крива Паланка, Страцин, Тетово, Гостивар, Дебар, Прилеп, Струга, Ресен, Штип, Павлешенци, Делчево, Кула.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони