АМСМ: Возете внимателно и почитувајте ја поставената сигнализација

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Буково.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.