АМСМ: Возете внимателно и почитувајте ја сообраќајната сигнализација

АМСМ препорачува внимателно возење и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите патишта низ земјата се одвива по претежно суви коловози. Врнежи од слаб дожд ома во југозападниот и источниот дел од Републиката. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места, како и на некои мостови низ клисурите.