АМСМ: Возете внимателно и прилагодете ја брзината по условите на патот

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по претежно суви коловози. Мали остатоци од кашест снег има само на повисоките осојничави места, но истите не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.

Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.