Македонија

АМСМ: Забрана за камиони на Крива-Паланка Деве Баир, магла и снег на повеќе патишта

АМСМ: Забрана за камиони на Крива-Паланка Деве Баир, магла и снег на повеќе патишта

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир се’ уште е на сила.

Сообраќајот на останатите патишта во Македонија се одвива по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег се бележат во Страцин, Крива Паланка, на граничен премин Деве Баир, Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Плетвар, Делчево и Кула.

Поради појава на магла, намалена видливост 50 – 60 метри има на планинскиот премин Плетвар и до 100 метри на планинскиот премин Пресека.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.