АНА бара повлекување на потписот за Заедницата на српските општини

Албанската национална армија АНА се противи на формирањето на Заедниците на српските општини и побара од властите во Приштина да го повлечат потписот од бриселската спогодба.

АНА смета дека со спогодбата за децентрализација на општините на Србија и е дадена можност на некој начин да го контролира Косово.

Во соопштението на организацијата се вели дека таа е подготвена да интервенира во секој момент, пренесува МИА.

АНА е формирана во јули 2001 година, прв пат се огласи на 3. август истата година, а бројот на нејзините припадници во моментов не е познат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.