Спорт

Ана Фенингер го освои големиот кристален глобус

Ана Фенингер го освои големиот кристален глобус

Австриската скијачка Ана Фенингер се закити со големиот кристален глобус во Светскиот куп. Таа на две трки до крајот на сезоната, благодарение на второто место освоено на трката во супервелеслалом во Ленцерхајден стана севкупна победничка во најголемото скијачко натпреварување Светскиот куп.

Фенингер имАше 61 стотинка заостанување зад Швајцарката Лара Гут, а на третото место на подиумот им се придружи Словенката Тина Мазе, која го освои Светскиот куп минатата година.

Австријката до сега има остварено седум победи во Светскиот куп, шест во велеслалом и една во супервелеслалом . Покрај големиот кристален глобус сезонава се закити и со титулата олимписка шампионка во супервелеслалом на Игрите во Сочи, а освои сребро во велеслалом.

Фенингер на две трки до крајот на сезоната има 1271 бодови, пред Марија Риш со 1180 и Лара Гут со 1056 бодови.