Ана Ивановиќ објави: Се повлекувам од тенисот

Српската тенисерка Ана Ивановиќ на својот Фејсбук профил објави дека се повлекува од тенисот бидејќи повеќе не е во состојба да го даде својот максимум.

-Време е да продолжам понатаму. Поради повреда веќе не сум во можност да се занимавам со тенисот и да го пружам максимумот на теренот. Тенисот е мојата љубов, а јас ќе продолжам да бидам амбасадор на овој спорт, вели Ивановиќ.

Таа во својата кариера има освоено 15 титули, меѓу кои и еден Гренд слем – Ролан Гарос 2008 година.

Од 12 јули оваа година е во брак во фудбалерот на Манчестер Јунајтед и поранешен репрезентативец на Германија, Бастијан Швајнштајгер.