Ана Ивановиќ стана мајка

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер станаа родители, откако Србинката на свет донесе машко бебе.
Таа се породи ноќеска во Чикаго, САД, каде сопружниците живеат поради обврските на Швајнштајгер во тамошната фудбалска лига.

Двајцата спортисти се во брак од 2016 година, честитки за сречните родители стигаат на социјалните мреќи од сите страни. Како што пишуваа српските медиуми,синот на Ана и Бастијан ќе носат српско име, а според она што досега го знаеме, во опција се имињата Марко и Стефан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.