Ако се разведат, Ана Ивановиќ нема да добие ништо од Швајнштајгер

Светски познатата тенисерка, Ана Ивановиќ (27) која неодамна  на турнирот Роланд Гарос во Париз се сврши со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер (30), по свршувачката склучиле предбрачен договор, пренесуваат српските медиуми.

Нивните адвокати работат на договорот, а основната клаузула на овој правен акт е дека доколку дојде до развод Ана од Бастијан нема да добие ниту паричка. Сепак според изјавите на убавата тенисерка, се чини дека на неа други работи и се приоритет.

– Би сакала да имам барем три деца. Тоа ми е многу важно и за тоа често размислувам – раскажала Ивановиќ.