Магазин

Ана Николиќ ги доби РТС на суд

Ана Николиќ ги доби РТС на суд

Пејачката Ана Николиќ после пет години судска борба, ја доби пресудата во своја корист и тоа од Јавниот сервис на Србија, РТС кој го тужеше во 2009 година поради кражба на гласови на домашниот натпревар за избор за Евросонг.

Врховниот суд одлучил дека РТС на Ана треба да и исплати целосни трошоци околу организацијата и настапот на Беовизија, бидејќи Никоиќ докажала дека во полуфинале погрешиле и не ги избројале добро гласовите на жирито и публиката кои биле во нејзина корист.

„Судењето траеше подолго од пет години. Повеќе од 20 сведоци беа сослушани, по што судот пресудил во корист на Николич,“ вели близок извор до пејачката.